Whitesnake со најголемите хитови на Deep Purple на концерт во Скопје

Како што јавува и нивниот официјален веб, еден од најголемите рок бендови на сите времиња Whitesnake (100 greatest artist of hard rock ever) го вклучи и Скопје во склоп на новата светска турнеја. На оваа турнеја Whitesnake ќе го промовираат својот нов “The Purple Album”.

Како што е објавено на сајтот на бендот, а го потврдуваат и од „Авалон“, хард-рок великаните Whitesnake, во Белград, Загреб, Скопје и Софија, ќе ги изведуваат своите и реаранжираните хитови на Deep Purple.

Првиот концерт во регионот е оној во Загреб, на 21 ноември, , еден ден подоцна, во Белградска Арена, на 24 ноември во Софија и на 25 ноември во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

Како што веќе веројатно знаете, David Coverdale одлучи да сними албум на кој ги стави своите омилени песни кои ги отпеа во периодот од 1973 до 1976 година, на албумите од Deep Purple – ”Burn”, ”Stormbringer” и “Come Taste the Band”, песни кој во најголем број ги напишаа заедно со легендарниот Ritchie Blackmore….

За овој албум David Coverdale изјави:

„Овој албум го издавам во знак на голема благодарност кон групата Deep Purple“. „Како што неодамна му реков на Richie – вие момци ме однесовте на неверојатно музичко патување кое се уште трае и благословен сум што ве имав за учители! Едвај чекам да ги отпеам овие прекрасни песни во живо и да запловам со фановите во Purple магија!“

Навистина се работи за „once in a life time“ концерти наWhitesnake, со единствена можност публиката во една вечер да ги чуе најголемите Deep Purple хитови ”Burn”, ”Stormbringer”, ”Soldier of Fortune”, ”The Gypsy” како и Whitesnake хитовите: ”Here I go Again”, ”Fool For You Loving”,”Still Of The Night”, ”Is this Love” …