„Љубојна“ гостин во Радио Бубамара

Пејачката на етно-групата Љубојна, Вера Милошевска денеска беше гостин во програмата на Радио Бубамара.

Секогаш позитивна и интересна за разговор, Верче зборуваше за досегашното искуство во музиката и за планираните проекти во иднината. Меѓу другото, најпознатиот член на Љубојна откри дека претстојниот месец, групата ќе учествува на „Пиво фест“ во Прилеп на 16 јули и во Хераклеја во Битола на 1 август. При крај е новиот албум на групата кој љубителите на Љубојна ќе можат да го слушнат наскоро, а е посветен на антологијата на чалгијата.