„Т’к-Так Фест“ 2013 - Ареа се главни ѕвезди на втората вечер...

Со настапот на вториот „Т’К-Так Фест“, гостиварскиот бенд ќе го прекине долгогодишниот пост, а публиката освен можноста да ужива во незаборавните хитови „Дозволи ми“, „Нешто недостасува“, „Колку ми значиш“, „Јас сум ти пријател“, „Сите мои слики“... за прв пат во живо ќе го слушне и големиот хит „Запознај ме“ (free mp3!), со кој Ареа и официјално се врати на македонската сцена.

Покрај Ареа, во втората фестивалска вечер ќе видиме уште неколку еминентни македонски рок групи, а свои минути ќе имаат и новите рок надежи кои ќе се борат за една од првите три награди кои вклучуваат аудио и видео продукција на нивните победнички синглови, како и за Гран При наградата за најдобар тапанар која годинава изнесува 30.000 денари.

За потсетување, фестивалот годинава ќе се оддржи на 7 и 8 јуни во Кавадарци, а првата фестивалска вечер ќе ја одбележат македонските рок легенди кои и годинава ќе настапат во чест на нивниот прерано починат колега Трајко Каров, а вечерта ќе биде заокружена со настапот на Бубо Каров и Токму Така.