„Поминува се, зар не?" - нов хит на Парни Валјак

Еден од најдобрите и најстари рок бендови во регионот, Парни Валјак го објави новиот сингл "Поминува се, зар не", прва песна по "Само ти", која излезе во текот на летото.

Автор на песната е Хусеин Хасанефендиќ Хус, а се очекува таа да биде вистински хит во периодот пред и по новогодишните празници. Парни Валјак оваа година прославува голем јубилеј - 40-годишнина од своето постоење и тоа ќе го одбележи со неколку концерти во регионот.

Откако викендов имаа настапи во Белград, кулминацијата треба да се случи на 18 и 19 декември кога во Загреб, пред своите најголеми фанови, на два концерти ќе заокружат четири децении музика.