„Парни валјак“ со два концерти во декември ќе прослави два јубилеи

Претстојниот декември групата "Парни валјак" ќе слави, а причини за тоа никогаш немало повеќе.

Два дена по ред, две различни арени, две различни големи продукции, две различни големи приказни - за два големи јубилеи на легендарните рок-великани. Овие непоправливи романтици, жестоки рокери и уште многу повеќе, на 18 декември со акустичен, а на 19 со електричен концерт со своите верни сопатници ќе одбележат две округли и навистина импресивни годишнини: 20 години од најпродаваниот албум во живо во историјата на југословенската дискографија и 40 години од постоењето на бендот.

Концерите ќе се одржат во Загреб, оној акустичниот во малата сала на Домот на спортовите, а електричниот во големата истоимена арена.