„Деценије“ на Кајмакоски втор најгледан видео запис од регионот според Ем-ти-ви

Сè уште актуелниот сингл на Даниел Кајмакоски, песната „10 лета“, односно „Деценије“, се најде на на второто место на листата од 20 најдобри видео записи од целиот регион според Ем-ти-ви.

Кајмакоски, кој на минатогодишните Европски музички награди на популарниот музички канал беше прогласен за најдобар изведувач на Балканот, воедно е и единствениот Македонец на листата, чиј врв го освоија уникатните „Дубиоза колектив“ и нивната „Free.mp3 (The Pirate Bay Song)“.

Популарниот пејач наскоро ќе ја претстави и својата втора песна од новиот албум, за која сè уште не се познати многу детали, освен дека повторно е во соработка со Александра Милутиновиќ и Дарко Димитров