„Ај Кју“ со „Изгубено и најдено“ оди на Евровизија

Поп-групата „Ај Кју“ (Еѕе Цуе) ќе ја претставува Македонија на годинашниот избор за песна на Евровизија, што ќе се одржи во Лисабон, објави МРТВ.

Тие ќе настапат со песната „Изгубено и најдено“ (Лост анд Фоунд), за која музика и текст напиша Бојан Трајковски, додека за аранжманот беше задолжен Дарко Димитров.

Песната на „Ај Кју“ била избрана меѓу 381 композиција, кои пристигнале на меѓународниот повик, а во најтесниот круг влегле 12.

Комисијата во состав Мери Попова (координатор на проектот „Евросонг 2018“, МТВ1), Каролина Петковска (МТВ1), Александра Јовановска (МТВ1), Авни Ќаили (МТВ2), Бранка Костиќ-Марковиќ (музички новинар и критичар), Андријана Јовановска (Репортер.мк), Марко Марк (Канал 77, Телма) и Антонио Димитриевски (Вистина.мк) едногласно заклучила дека „‘Ај Кју‘ најдобро ќе ја донесе избраната композиција на евровизиската сцена“.

Освен авторот Трајковски, во групата членува и пејачката Марија Ивановска.