Хитот на Тоше во изведба на Влатко Стефановски и 70 гитаристи (ВИДЕО)

Нашиот легендарен музичар кој е светски признат од сите важни музички критичари, Влатко Стефановски, одржа гитарска работилница во Крушево.

Вчера, на интернет започна да кружи видеото од концертот кој го означи крајот токму на оваа гитарската работилница. Влатко заедно со учесниците, т.е. со своите гитаристи ја изведе „Излажи ме уште еднаш“ од Тоше Проески. Седумдесет гитаристи отсвирија еден од големите хитови на прерано починатиот македонски пејач, пишува на неговиот YouTube профил.

Работилницата се одржа од 24 до 26 јуни во Спомен куќата на Тоше Проески.

Погледнете го видеото и уживајте