Фрајле доаѓаат во Скопје!

Специјални гости на концертот на Жељко Бебек во Скопје (5-ти март во арена „Борис Трајковски“) ќе биде извонредната женска атракција, групата The Frajle.
Со огромната посетеност на нивниот официјален YouTube канал, The Frajle ги поместија границите не само на нивните кавер свирки, туку и на музичката сцена на нашите простори.
Освен по извонредната интерпретација, овие дами се познати и по својот кабаретски изглед со уникатна костимографија, кои ги истакнуваат и изразуваат нивниот вкус и индивидуалност.
Бендот кој е основан во 2009 година, го сочинуваат четирите дами Марија Мирковиќ, Наташа Михајловиќ, Невена и Јелена Буча. Со формирањето на групата, овие новосадски музичарки одлучуваат да ги здружат своите сили и талент и за помалку од една година доживуваат неверојатен успех.
Од нивниот прв носач на звук насловен „Naš prvi album s putovanja“ кој имаше одличен одѕив и критики, посебно се издвојуваат сингловите: „Ich liebe dich“, „Štiklice“ и „Fina“ со кои буквално го освоија регионот, а потоа, следат и албумите „Strana A ljubavi“ и „Strana B ljubavi“