Фрајле го промовираа спотот за „Мењам дане“

Ако сакате на оригинален начин да изјавите љубов на својата сакана личност, тука е новиот спот на групата Фрајле за песната „Мењам дане“.

„Спотот е полн погодок за вовед во промоцијата на албумот која не очекува. Имаме галеби, бранови, сонце, месечина, светилник и многу срца, дури и клупа со љубовна порака. За сите оние на кои им е потребен љубовен СОС, најдовме екипа и за тоа и совршено ја вклопивме“, објавија од Фрајле.

Режисер на спотот е Филип Филовиќ, кој им помогна на Фрајлите, идеите кои ги имаа да ги преточат во видео запис. Филковиќ беше режисер и на два од претходните спота на групата. Премиерата на спотот се одржа синоќа на МТВ каналот, а цела оваа есен ќе биде посветена на концертите во Белград и Нови Сад.