Фестивал „Швајцарски музички денови“ од денес во Скопје

Во Автономниот културно-социјален центар, кој се наоѓа спроти Центар за странски јазици во Скопје, денес во 20 часот ќе почне второто издание на фестивалот „Швајцарски музички денови“ (Swiss Music Days).

Овој фестивал, кој е посветен на современата истражувачка и иновативна музика, ќе ги спои уметниците од Швајцарија, поранешна Југославија и Албанија. Во текот на фестивалот ќе бидат претставени серија работилници и концерти во рамките на џез и авангардните музички жанрови.

Swiss Music Days ќе се одржи во повеќе градови од регионов истовремено. Во Љубљана, Тирана и Скопје во склоп на ова музичко случување ќе се претставуваат различни артисти во истата вечер.

Скопската публика вечерва ќе има можност покрај домашните, да чуе и артисти од Швајцарија, Словенија, Србија и Грција.

Влезот е бесплатен, во склоп на програмата ќе настапат Дуото „Томажин/Кохер“ (Словенија/Швајцарија), Лука Ивановиќ од Србија, триото „Евентлес Плот“ од Грција и „Амплидајн Ефект“ од Македонија.