Фановите го направија осмото ѕвездено небо во чест на Тоше Проески

Со музички хепенинг под наслов „Биди и ти дел од ѕвезденото нево на Тоше“ кој веќе стана традиција, синоќа по осми пат се одржа на градскиот плоштад во Скопје, во знак на сеќавање на прерано загинатиот македонски пејач и хуманитарец Тоше Проески.

Синоќа премиерно беше пуштена и досега необјавената песна на ромски јазик „Ефта пуране иконе“ или во превод Седумте стари икони, како и англиската верзија од песната „Малечка“.