Тони Цетински има „Вера невера“

Хрватскиот романтичар Тони Цетински го најави излегувањето на својот нов сингл „Вера невера“.

Официјалната промоција на песната ќе се одржи в понеделник, на 2 ноември, а тоа ќе биде вовед во она што го очекуваат неговите фанови - новиот албум.

„Миро Булјан и мојата маленкост напорно работиме на новиот албум. Со песната „Вера невера“ уште еднаш сакаме да покажеме дека и во продукциска смисла новиот албум ќе биде типичен за стариот Тони. Ќе има многу изненадувања со излегувањето на новиот албум кој е планиран во пресрет на Денот на вљубените“, изјави Цетински.

До официјалната промоција, можете да уживате во најавата која е веќе е објавена на Youtube.