Тамара и „ДНК“ ја промовираа видео-приказната за „Фрази љубовни“

Поп-пејачката Тамара Тодевска и Андреј и Панчо од дуото „ДНК“ на музичкиот канал Јутјуб го објавија видео-записот за темата „Фрази љубовни“, која се најде на последниот албум на Тамара, „Еден ден“ кој беше објавен во јули годинава.

Режисери на спотот кој е снимен на локации во Охрид е Горан Костадинов и Владимир Дади Ивановски, а музиката, аранжманот и текстот на песната се дело на Лазар и Магдалена Цветковски.