Студенти, хонорарци и прислушувачи - сите на „Златна бубамара на популарноста“

18-то доделување на наградите „Златна бубамара на популарноста“ на најубав можен начин ги потврди полнолетството, зрелоста, духот и ангажираниот хумористично-музички пристап на манифестацијата, која ги освои срцата на публиката во секогаш преполнетата Универзална сала.

Студенти, хонорарци и прислушувачи - сите на „Златна бубамара на популарноста“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

18-то доделување на наградите „Златна бубамара на популарноста“ на најубав можен начин ги потврди полнолетството, зрелоста, духот и ангажираниот хумористично-музички пристап на манифестацијата, која ги освои срцата на публиката во секогаш преполнетата Универзална сала.

„Професорот за хумор“ и „декан на Академијата“ за доделување на наградите „Златна бубамара на популарноста“, Ранко Петровиќ, кој во „слободното време“ е сопственик на Радио Бубамара, речиси цела година размислува со која интрига да го отвори следното издание на „Златна бубамара“.

Овојпат како „кец на десетка“ му влетаа законските одредби за заменски наставници и авторитарно одлучи наместо актерот Сашко Коцев, кој одлучил да штрајкува, неговото место да го заземат заменските актери Атанас Атанасовски и Валентин Костадиновски-Тино. Младите актери од Театар Комедија настапија навистина убедливо во улогата на водители, но по „одлуката на СОНК“ да се прекине штрајкот, настана вистинска еуфорија во салата со појавата на Сашко Коцев на сцената.

Читај повеќе...