Струмица опен фест завршува викендов

„Направено со љубов“ е мотото на шестото издание на културно музичкиот фестивал Струмица опен фест кој вечерва и официјално стартува и ќе трае до 13 август.

На шест отворени сцени во Струмица ќе се одржат 15 културни настани  и 20 музички концерти со над 80 артисти, сликари, поети и  пејачи  и музички групи. За организаторите годинава е најобемна програмата.

За организаторите фестивалот  е своевидно културно лето во Струмица кој очекува да привелече над 150 илјади посетители  кои секоја вечер ќе ужиуваат во богатата културна и забавна програма.

Годинава фестивалот ќе чини околу 150 илјади евра од кои 50 ги обезбеди општина Струмица со одлука на Советот.