Слаткаристика вечерва го отвора фестивалот на пивото

Слаткаристика вечерва заедно со својот бенд ја имаат честта да го отворат Прилепскиот фестивал на пивото.

Настапот на Слаткаристика започнува во 20:30 часот. Како и досегашните концертни настапи, и овој е дел од големата летна турнеја на Слаткаристика - EnergiS Tour.

Од неодамна тој го издаде својот нов сингл “Оф Мори Мајко“, проект реализиран заедно со Балканистан, а песната наиде на многу пофални критики и одлична гледаност преку социјалните мрежи за доста кратко време.

Посетителите на Прилепскиот Пиво Фест денес ќе имаат можност да уживат и да бидат дел од настапот на Слаткаристика, а во продолжение Ви го нудиме ново излезениот негов сингл “Оф Мори Мајко“.