Северина го промовираше новиот летен хит

Една од најголемите балкански ѕвезди Северина денеска точно напладне го промовира својот најнов сингл "Секунди".

Автори на песната се Милош Рогановиќ и Филип Милетиќ, а спотот го режираше Петар Пашиќ.

„Тоа е песна што ја сакам, која крева и носи и која, кога ќе заврши, сакам уште да ја слушам. Едвај чекам да ја пејам на концерти со бендот и публиката", изјави Северина по презентацијата.

За потребите на спотот, хрватската пејачка целосно го смени својот имиџ и настапува како блондинка.