САССЈА ви го претставува новиот сингл и ТВ спот „Ништо“!

Ова лето САССЈА имаше богато концертно лето со своите настапи во Словенија, Хрбатска, БиХ и Словачка, а сега енергичната САССЈА продолжува со својата дискографска работа, со што ни го претставува новиот сингл „Ништо“! Синглот „Ништо“ е прва песна од новиот албум на кој таа работи со динамичен распоред; концерти – студио – пишување колумни.

И на овој сингл таа соработуваше со постојаниот соработник, словенечкиот реге/дуб – продуцент, Кантриман, во тимот им се придружи и реномираниот виолинист и концерт мајстор на Синфонискиот оркестар на РТВ Словенија, Бенјамин Зиервогел.

„Кантриман ми ја испрати првата верзија на музиката и неколку месеци јас само уживав во неа, без нешто да се напишам. Ми се чини дека ова е најубавата инструментална песна која тој ја има направено досега. Текстот сам се напиша после повеќекратното повторување на инстументалката, а откако Бенјамин Зиервогел ги отвире виолините, со нетрпение чекав да се сними ТВ Спотот и да можете конечно да ја чуете песната. Инаку јас сум многу самокритична и често ги поправав текстот и музиката, но со оваа песна потполно сум задоволна. Додека ја пишував песната веќе знаев како треба да изгледа спотот, и со готовата песна имав и готово сценарио. Спотот го снимав со долгогодишните пријатели во Тузла, на домашен терен, и презадоволна сум од она што го направивме. Им благодарам на екипата што бевте одлични!“ 

Спотот е снимен во Тузла - родниот град на Сассја, а режијата покрај Сассја, ја потпишуваат и Јасмин Јатиć, дедека за сценографијата и шминката се погрижи Мирела Х. Мустафиќ. Новиот сингл на Сасја ја има премиерата ексклузивно на Радио Бубамара