Роби Вилијамс пристигна во Белград за вечерашниот концерт

Познатиот пејач Роби Вилијамс пристигна во Белград, по повод концертот што ќе се одржи денеска на Ушче.

На аеродромот „Никола Тесла“ тој беше пречекан од голем број новинари и репортери, а беше видно расположен. Тој е е еден од најголемите пејачи кој ќе гостува во српската престолнина бидејќи досега, во својата кариера, има 17 БРИТ награди и со тоа е најуспешниот музичар во оваа категорија откако се доделува признанието. Во 2006 година влезе во Гинисовата книга на рекорд откако продаде 1,6 милиони влезници за концерт во само еден ден. Британскиот весник „Гардијан“ ја опиша оваа негова турнеја како најспектакуларна.

„Ако некој оваа година ви пружи повеќе забава од Роби Вилијамс и подготвеност на концертот да и се предаде на публиката до крај, би сакале да го видиме“, напиша високотиражниот весник.

Денеска, капиите на Ушче ќе бидат отворено уште во 18 часот бидејќи пред Вилијамс, ќе настапат и учесниците на Икс Фактор.