Римски Масив го промовира својот најнов албум

Овој петок, на 22 март во Стејџ кафе, во склоп на Сити Мол, со почеток од 21 часот ќе се одржи долгоочекуваната промоција на деби-албумот на Римиски Масив, насловен како Атељето на уметникот.
Дуото Фама и Драма заедно работат од 2006 та година и се дел од Зад Аголот продукција, која под продуцентската палка на Марко (С.В.П.) го има во целост реализирано материјалот, со исклучок на Даре (Длабока Трага, Кискинов и Таззак Акабатов (Легијата) кои имаат по една песна на албумот.
Албумот содржи 14 нумери кои го обработуваат урбаното живеење и реалноста во Скопје, како гости се појавуваат Марко, Контра Напад и Страјк, и го издава Шурикен Рекордс.
Ќе може да се набави на самата промоција по цена од 100 денари каде што за атмосферата ке биде задолжен DJ Илич.