Реге, латино и караоке на „Exit 2015“

Претстојниот четврток во Нови Сад почнува јубилејното 15. издание на еден од најпопуларните европски музички фестивали - Exit.

Покрај настапите на омилените светски ѕвезди на најголемите бини на фестивалот, Exit подготвува и лепеза од бројни бини низ Петроварадинска тврдина. Врелите танцови чекори на „OTPleši Latino“ (Одиграј латино) бината, како и неизбежниот „Positive Vibrations Reggae Stage“, фамозното место за средби и фестивалскиот Плоштад на мирот и љубовта се дел од годинешната понуда за фестивалот.

Во четврток (9 јули) реге бината ќе ја отворат Hype, Lion Black, Oranemohhamed, Ras Milenko, Shone Alcapone, Showtime: Cold Fever, Tonny Terror, Keyz, како и Yasser Ranjha. Вториот ден на фестивалот ќе се претстават Chay Nelle, Irie Revolution Sound, Jah Messenjah, Mak Floss, Showtime: Daddy Ranx, Rivah Jordan, Tommy T и Don Minott, Suppa Natty и DJ Wieyne. Во сабота (11 јули) настапуваат Butcha MSN, Dada Selectah, Herbal Queen, Natty Riddim Sound, Showtime: Tasha T, Kafinal, Steel, Korexion, Soul Vibes и Yasser Ranjha. Последниот ден „Positive Vibrations Reggae“ бината ќе ги угости изведувачите како што се Christopher Lewis, Ital Vision, Pushta G, Showtime: Chay Nelle, Mak Floss и Mathew Radics, Superstar Selectah, Wenti Wadada, како и DJ Wieyne.

Егзотичните танци и музиката која ќе ги разигра и најскептичните, се наоѓаат на една од најживите бини, чие име повикува на вистинска акција „OTPleši Latino!“ Оваа бина ја предводи најразиграниот член на Exit екипата, кубанскиот мајстор на танцот Чома Сумба Гарсија, кој публиката четири ноќи неуморно ќе ја учи на новите танцови чекори со гласните латино ритмови на изведувачите и танчерите од сите делови на светот. Во четврток (9 јули) на оваа бина ќе настапат Studio Oriental, а покрај нив и Bolero, DJ Frank, DJ Ice, MC Choma, Ritmo Latino, Stylez & Flavaz, Tito & Desiguales и Urban Core. Главни ѕвезди на вториот ден од фестивалот на карневалската бина се Sed Gitana, но и Bolero, DaNSANDO & Desiguales, Mega Dance, DJ Moka, DJ Pharmacist, Salsa Enegia, Senoritas, како и неизбежното „фрцкање“ во ритамот на Zumba Star. Во сабота, на Латино бината че се појават Proyecto 5, Groove Skulls, Manthock, MC Choma, DJ Pharmacist, Ritmo Latino, DJ Sesa, Tito & Desiguales и Zumba Star. Конечно, последниот ден на фестивалот се најавени Мирко Радовиќ, DJ Arceo, Bailando, Just 2 Cool, DJ Moka, Salsa Energia, Urban Core и Zumba Babes.

„Одиграј Латино, вдиши длабоко, па отпеј караоке“, како што гласи и слоганот на сега веќе добро познатата бина на Exit (OTPevaj Karaoke) која посетителите инспирирани од пејачките ѕвезди како што се Emeli Sande, John Newman, Tom Odell и бројни други ѕвезди на Exit, ќе ги стави во самиот центар со микрофон во рацете, по стариот добар принцип: „Покажи што знаеш, Exit тобоганот е твој“! Во духот на роденденската прослава, оние кои ќе споделат љубов со својата пејачка храброст ги очекуваат и бројни изненадувања, подароци и вредни награди.

Како што најавуваат од Exit, веќе е извесно дека секоја вечер низ капијата на Петроварадинска тврдина во Нови Сад ќе поминат најмалку 40.000 посетители, додека за викендот се очекуваат рекордни 50.000 луѓе дневно. За време на четирите дена и ноќи на Exit и исто толку на Sea Dance фестивалот, ќе настапат Mötorhead, The Prodigy, Manu Chao, Rudimental, Faithless, Roisin Murphy, Hardwell, Emeli Sandé, Sigma, John Newman, Capital Cities, Clean Bandit, Tom Odell, Martin Garrix, Gramatik, Leftfield, Tale of Us, Adam Beyer, Chris Liebing, Eagles of Death Metal, Fear Factory, Wilkinson, Zomboy, Roni Size Reprazent, Bondax, Napalm Death, Dubioza kolektiv, Octave One, Soul Clap, Hladno pivo, Artan Lili, Zoster и бројни други за вкупно повеќе од 1.000 уметници на 30 фестивалски бини од Петроварадин до Јаз.

Посетителите ќе можат да ги следат случувањата на две главни бини, Dance Arena, Dance Paradise, Fusion, Explosive, No Sleep Novi Sad, OTPleši Latino, Positive Vibrations Reggae, Future Shock, Urban Bug, World Chill-Inn, Silent Disco и бројни други бини и фестивалски зони. Камповите на Exit Авантурата се отвораат на 7 јули, а ќе бидат затворени на 20 јули.