РАДИО ФУДБАЛ СО ГЕОРГИ ХРИСТОВ

Во новогодишното студио на Радио Буба Мара во ТЦ „Зебра“ денеска гостин на нашиот радио-водител Кирил Поп-Христов му беше поранешниот фудбалер Георги Христов. Двајцата Христови, Поп-Христов и Христов, помуабетија за фудбалот, а на крајот на радио-дуелот, во најдобрите фудбалски трaдиции, си ги разменија палтата, наместо дресовите, и закажаа – реванш за следната година на домашен терен.