Промовирана последната балада на Кемал Монтено

Пред неколку дена во Загреб беше промовирана последната песна на Кемал Монтено во соработка со Макс Хоџиќ, а објавен е видео спот за истата тема.

Музиката и текстот за оваа балада се дело на Елвис Хаџиќ, а аранжманот на Тони Етеровиќ. Песната ќе се најде и на новиот албум на Макс Хоџиќ, а официјално беше промовирана пред најблиските пријатели на Монтено и Хоџиќ. Спотот е снимен во Пореч и околината во режија на Катја Рестовиќ која призна дека имала голем предизвик да го екранизира овој дует. Во спотот го нема Кемал Монтено, но затоа се појавува неговата добро позната гитара што потсетува на еден од најголемите уметници кој го напушти овој свет пред околу девет месеци.

Спотот веќе го има на Youtube, може да се види и на телевизиските екрани и да се слушне на брановите на Радио Бубамара.