Прекрасна атмосфера во студиото на Радио Бубамара во Веро

Весела атмосфера со многу музика и песна и оваа година зрачи од новогодишното студио на Радио Бубамара во Веро 2 на 105,2 фм

Најпопуларните личности од културата и естрадата ќе бидат гости во радио програмата во која ќе имаат и улога на Ди-Џеи. Шоуто е секој ден до крајот на годината од 14 до 17 часот.

Во саботата наши гости беа Ана и Горан Пајак од групата Пеперминт, Влатко Лазовски од Театарот за деца и младинци, потоа близначките Бисера и Бојана. Вчера слушателите уживаа во Сара Мејс, Џокси и Тихомир Јанчовски, а денеска музички Дедо Мраз ќе биде Никола Ристановски на кого друштво ќе му прават Трајче Георгиев, Бубо Каров и дело од ѕвездите на Шоуто 5+

Уживајте и следните денови на 105,2 О2 од Веро 2.