Први во Македонија слушајте ги новите песни на Џибони и Оливер Драгојевиќ

Двајцата музичари и блиски пријатели снимија заеднички албум "Фамилија",а песните "Онако,од ока" и "Гдје то пише" се одличен вовед во нивниот нов албум.

"Онако,од ока" ја испеа Џибони,а песната "Гдје то пише" ја намени за Оливер Драгојевиќ,негов пријател,човек со ист медитерански сензибилитет,човек кој за него едноставно е -"фамилија".

Новиот албум "Фамилија" има девет песни,стиховите и музиката се напишани од Џибони во периодот од 2014-2016 на островот Корчула и во Сплит. Оливер и Џибони на првото нивно заедничко издание собраа повеќе од 20 врвни музичари со респектабилна биографија.Продукцијата на албумот е потпишана од Никша Братош и Елвис Станиќ ,долгогодишни соработници на двајцата музичари.Новите песни се снимани во различни студија-на Корчула,во Сплит,Опатија,Загреб,во Мадрид и Париз,па и во Лос Анџелес.

Слушајте внимателно Радио БУБАМАРА,бидејќи овие денови ексклузивно и само на 105,2 фм можете да ги слушате новите песни на Џибони и Оливер Драгојевиќ.