По четири години поминати низ светот на мотор, Ивана и Ману пристигнаа во Скопје

Македонката Ивана Чолаковска и нејзиниот партнер Ману Торес, по четиригодишното патување со мотор околу светот, пристигнаа во Скопје. Ова е навистина голем подвиг, неповторлива авантура и пропатувани милиони километри со мотор околу целата планета, велат тие. Радио Бубамара организираше голем и весел пречек на плоштадот Македонија. Ивана и Ману беа придружувани од членовите на мотоклубот Вепар и претставници на други мото и велосипедски клубови од земјава. Во музичката прослава учествуваа голем број добитници на Златна бубамара на популарноста. Неповторливото патување на Чолаковска-Торес почна на 17 април 2013 година - ги посетија сите континенти, од едниот до другиот крај на светот со мотор.