Почна Евровизија, познати првите десет финалисти

Синоќа започна 62. издание на најголемиот музички фестивал во светот - Евросонг, кое се одржува во украинската престолнина Киев.

На првата полуфинална вечер беа избрани десетте земји кои ќе се натпреваруваат во финалето закажано на 13. мај в сабота.

Ова се земјите кои обезбедија пласман во финалето:

- Молдавија
- Азербеџан
- Грција
- Шведска
- Португалија
- Полска
- Ерменија
- Австралија
- Кипар
- Белгија

Нашата претставничка Јана Бурческа настапува в четврток, односно 11 мај. Да се надеваме дека Јана ќе успее да обезбеди пласман во финалната вечер.