Почина Љупка Димитровска

По кратко и тешко боледување, денеска на 70-годишна возраст почина македонската пејачка Љупка Димитровска.

Родена е на 25 јули 1946 година во Скопје, но речиси целата кариера ја помина во Загреб како една од најпопуларните пејачки во поранешната Југославија. Нејзиниот прв албум е објавен во 1975 година по името "Љупка", но на македонската музичка јавност и остана во сеќавање по песните "Адио" и особено по "Ѕвона Ѕвонат" со која триумфираше на Макфест во 1990 година.

Од 1968 година беше во брак со композиторот Никица Калоѓера се до неговата смрт во 2002 година и заедно ја имаа ќерката Ника.