Парни Ваљак издаде нов сингл со наслов "ЉУБОВ".

По неколку безвременски хитови и одлични нови песни групата Парни Ваљак ни го претставува и новиот сингл кој во еден збор ја пренесува целата филозофија на бендот - Љубов. 

Авторот на новата песна издадена за Кроација рекордс и креативниот мотор на составот Хус, изјави: "Мислам дека пораката на песната сама по себе е јасна. Љубовта како став, како начин на живот, како чувство со кое чекориш низ градот може да биде одговор на целиот ужас кој се случува кај нас и во светот. Мислам дека таа треба да биде двигател на се што човекот создава."  

Новиот сингл на Парни Ваљак-Љубов е одлична рок песна во која бендот покажува се што континуирано, посветено и успешно го работи веќе 40 години. "Песната е одраз на нашето детство, на нашата пркос, барем за мене и Хус таа е втора младост"-изјави Аки. 

Парни Ваљак е еден од најдолговечните и најпопуларни состави во целиот регион.