Отворено новогодишното студио на Радио Бубамара во Тинекс Зебра

Убаво дружење, весела атмосфера и многу позитивна енергија на отворањето на новогодишното студио на Радио Бубамара со Кили во Тинекс Зебра Капиштец.

Кили и Дани по 4 години повторно се гушнаа и во живо слатко си се дружеа преку радио брановите. Дани и Кили се, како што е познато, најубавиот пар, кој воопшто не е пар. Но, тие се секогаш пар на манифестацијата Златна Буба-Мара, а вчера и во отвореното студио на Буба Мара.

Денеска започнуваме во живо по 13 часот, гостинка ќе биде Тамара Тодевска.