Од утре во 12 часот во продажба билетите за 20. Златна бубамара на популарноста

Еден дел од билетите „Радио бубамара“ обезбеди и за гледачите кои сакаат да бидат насмеани и да уживаат во живо во „Метрополис арена“. Билетите ќе бидат пуштени во он-лајн продажба, и тоа во петок, 10 февруари, во 12 часот, преку „МК Тикетс“, а ќе може да се купат најмногу до 4 билети.

Порано, кога билетите се продаваа пред Универзална сала, имаше редови и истите се продаваа за 1 час, а последните години, преку он-лајн продажба, тоа се случуваше за само 15 минути.