Ова е првиот постер за јубилејната „Златна бубамара на популарноста“

Популарното скопско „Радио Бубамара“ го објави постерот за јубилејното 20. издание на хумористично-сатиричното шоу „Златна бубамара на популарноста“. Најпопуларната и најгледана манифестација, која на музички начин ја раскажува изминатата година, ќе се одржи на 20 февруари во „Метрополис арена“.

Во изминатите години постерите станаа дел од имиџот на манифестацијата и ова е првиот од серијата постери што се подготвуваат за јубилејното 20. издание. Годинава, со мото „Што ќе биде, нека биде!“ во Штабот на „Златна бубамара на популарноста“ одлучно стојат на ставот „Пари не ви враќаме!“.