Објавен новиот постер за овогодинешната Златна бубамара

ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА ГО ОБЈАВИ ПОСТЕРОТ  ЗА  19  СПЕЦИЈАЛНОТО ИЗДАНИЕ

Најочекуваната и најпосакуваната манифестација во нашата  лепена , сечена и демонтирана република го објави овогодишниот постер на кој се наоѓаат  дел од лицата кои ќе пропеат и  на бината во Метро ПОЛИС арената.

Овогодишното мото на Златна бубамара е ДА СЕ СОБЕРЕМЕ,  ПРЕД ДА НЕ СОБЕРАТ

Ограничениот број билети  за оваа година се продадоа за рекордни 4 минути преку сервисот на МК – ТИКЕТС  , останатиот број билети ќе бидат распоредени  за значајни гости ,бизнисмени и луѓе од јавниот живот и културата во Македонија и на Балканот.

 

Одложена ТВ снимка од настанот традиционално ќе се емитува на КАНАЛ 5  во недела од 20 часот Настанот ќе се одржи во четврток во 20 часот во МЕТРОПОЛИС АРЕНАТА.