Нов албум на Жељко Бебек

Жељко Бебек и Оливер Драгојевиќ за прв пат ги здружија силите во новата песна на авторите Бранимир Михаљевиќ (музика) и Ненад Нинчевиќ (текст) насловена како "Ако волиш ову жену". Oваа песна е всушност најавен сингл на новиот студиски албум на Жељко Бебек "Оно нешто наше" кој веќе е во продажба. За овој албум Бебек вели дека е најемотивен и најдраг во неговата кариера. "Сигурен сум дека сите песни од овој албум во иднина ќе ги свирам на моите концерти", изјави Жељко. Новото ЦД го највија три сингла, "Првак Свијета", "Ја по кафанама" и "Оно нешто наше", а содржи вкупно 9 песни. Продуцент е Бранимир Михаљевиќ, кој е и автор на повеќе композиции. "Оно нешто наше" е тринаесетти Бебеков студиски албум.

https://www.youtube.com/watch?v=PQOxlrBNx7M