Новата песна на Борис Новковиќ, утре напладне ексклузивно на Радио Бубамара

Утре, точно напладне, ексклузивно на Радио Бубамара ќе биде промовирана новата песна на Борис Новковиќ, „Ако је то што видим“.

Продукцијата „Хит рекордс“ го избра токму Радио Бубамара како официјален партнер за Македонија, па затоа промоцијата на песната на Новковиќ ќе имате можност да ја слушнете само на 105,2 ФМ. Истата е ко-авторско дело на Мирослав Рус, Борис Новковиќ и Предраг Мартињак, а музиката, аранжманот и продукцијата се на Предраг Мартињак.