Незаборавно шоу со најдобрите на „Златна Бубамара на популарноста“

Синоќа во Метро Police арената се одржа спектакуларното 19. издание на „Златната Бубамара на популарноста“ под мотото „Да се собереме пред да не соберат“. Над 2.000 посетители уживаа во прекрасните настапи на Селимова-Желчески, Игор Џамбазов, Тамара Тодевска, Фрајле, Љубојна, Ван Гог, Џамбо Агушев, Влатко Стефановски, но и домаќините Атанас, Тино и неповторливиот Сашко Коцев.

За оние кои немаа можност да присуствуваат во Метро Police арената, снимка ќе има в недела од 20 часот на Канал 5.

Ова се добитниците на наградите од 19. „Златна бубамара на популарноста“:
Најпопуларна ТВ серија 2015 5+ фамилија – ОХО продукција ТВ Телма

Телевизиско музички проект 2015 5 + фамилија – ОХО продукција ТВ Телма

Награда за животно дело Селимова Желчевски

Млад актер на годината 2015 Жарко Димоски Театар комедија

ТВ забавна емисија за 2015 Неделно попладне - Томато

Награда за Интернационален успех Браќа Тавитијан

ТВ Емисија на годината 2015 Визита – Канал 5

Општествено одговорна компанија Зегин

Група на годината 2015 ДНК

Подвиг на годината 2015 Араунд Гаиа – Ивана Чолаковска

Најпопуларна балканска вокална група Фрајле

Концерт на годината 2015 Тамара Тодевска

Пеачка на годината 2015 Тамара Тодевска

Албум на годината 2015 Тамара Тодевска

Трајни вредности Игор Џамбазов

ТВ Емисија на годината 2015 Зевзекманија - ТВ Канал 5

Спортист на годината 2015 Евгениј Поп Ацев

Актерка на годината 2015 Тања Кочовска

Актер на годината 2015 Петар Мирчевски

Театарска претстава на годината 2015 Мајсторот и Маргарита

Музички видео спот 2015 Љубојна Излего да се рашета

Етно група на годината Љубојна

Прва труба на Македонија ЏамбоАгушев

Музички маестро на годината 2015 Исмаил Лумановски

Трајни музички вредности Ван Гог