Најзрелото музичко дело на Памела Рамљак - ексклузивно на Радио Бубамара

Познатата хрватска пејачка Памела Рамљак има нов сингл, кој го сними во соработка со една од најголемите регионални ѕвезди Џенан Лончаревиќ. Сите се согласни дека се работи за песна која високо ја крева летвичката кога станува збор за нејзиниот квалитет, но и тоа дека ова е нејзино најзрело музичко издание досега.

Својот неспорен талент, Памела го покажа и во овој текст како авторка на текстот и на музиката. Аранжманот е на Саша Милошевиќ Маре, а спотот е снимен на неколку локации во Белград под режисерската палка на Ведад Јашаревиќ.

„Многу сум среќна и задоволна од соработката со Џенан Лончаревиќ бидејќи се работи за одличен музичар. Сигурна сум дека и музичката приказна која ја обединивме во едно ќе постигне голем успех. Не спот заедничкиот продуцент Саша Маре кој кога му ја отсвирив мелодијата за оваа песна веднаш дојде на идеја дека таа е идеална за дует. На Џенан му ја испративме песната, многу му се допадна и така дојдовме до оваа убава соработка“, изјави Памела Рамљак за Радио Бубамара.

Официјалната премиера на новиот сингл на Рамљак е денеска, ексклузивно на Радио Бубамара.