МРТВ одлучи: Калиопи повторно на Евросонг

Македонската радио телевизија одлучи поп ѕвездата Калиопи повторно да ја претставува Макеоднија на 61-то издание на изборот за песна на Евровизија, што идната година ќе се одржи во Стокхолм, Шведска. Ова е второ заминување на Калиопи на Еросонг, по 2012 година, кога ја претставуваше Македонија на изборот во Баку, Азербејџан, и го освои 12-ото место.

Македонската телевизија, како членка на ЕБУ го има правото за начинот на избор на националниот претставни на Евровизија. По неколкугодишно бирање на фестивал, годинава одлучи повторно сама да го одбере пејачот.

Официјалното претставување на композицијата со која Македонија ке се натпреварува во Шведска ќе се случИ на МТВ кон крајот на февруари.