Младата Словенка, Сара Коболд со новиот хит ексклузивно на Радио Бубамара

Младата пејачка Сара Коболд доаѓа од Словенија и првпат ја претставува песната што ја сними на хрватски јазик.

Музиката и аранжманот ги напиша Амил Лојо, а текстот е на Фајо, познат текстописец кој досега соработуваше со бројни пејачи како Нина Бадриќ, Мишо Ковач, Дорис Драговиќ итн. За песната "Уживај" истовремено е снимен и спот кој го режираше Перица Раи, песната е снимена во Загреб, а спотот во Словенија.

"Во спотот се појавуваат две лица од иста жена: едната е како срна - нежна, а на другата е лавица - дрска и силна жена. Самото снимање на спотот кое моравме неколку пати да го одложуваме поради дожд помина одлично, сите прекрасно се забавувавме. Песната "Уживај" е одлична, верувам во неа и сигурна сум дека ќе ја прифатат моите фанови со Словенија и поранешна Југославија", изјави Сара.

Коболд се занимава со музика уште од мали нозе, а последните години учествуваше на неколку словенечки фестивали. Бележи настапи и во Хрватска каде учествуваше на неколку фестивали. Новиот хит на Сара можете да го слушате ексклузивно на Радио Бубамара.