Маркетинг

Додека на секој сајт за РАДИО ИЛИ ТВ ќе прочитате дека тие се најдобрите, најслушаните и дека ги покриваат најпосакуваните целни групи, ние ќе се правиме будали или скромни па ке кажеме дека Радио Бубамара, е нај слушаното радио во Македонија, а неговата популарност не можат да ја измерат ниту најдобрите пипл метри, истражувачки агенции ни Државниот завод за статистика.

Скоро во секоја анкета Радио Бубамара ги добива најдобрите резултати за огромниот број слушатели, па некој добронамерници не нé eтикетираат, затоа што многу добро ги потплаќаме истражувачките агенции кои можеби се во наша скриена сопственост.

Како што е прикажано на графиконот, многубројната публика на Радио Бубамара, агенциите за истражување на пазарот, почнаа Бубамара да ја ставаат заедно со најголемите ТВ станици во Европа и Западен Балкан, а и меѓу нив Радио Бубамара.
Рекламните блокови се најдобрите програмски појаси на Радио Бубамара, кои публиката со нетрпение ги очекува. Армијата невработни економисти, машински инженери и поранешни политички активисти, со нетрпение ги очекуваат рекламните пораки со убави и милозвучни гласови.
Тие скоро секогаш го поттикнуваат интересот на најмладата популација-децата да купуваат или крадат производи кои нивните родители не можат да им ги купат. Слоганите од типот "и ти си дете, треба да бидеш облечен во најдобриот бренд", "добро е да седиш во соба кога твоите родители ја пушат третата кутија цигари", "квалитетен витамински сок за само 15 ден за деца", "лошите вести се најдобри вести", "Татко ти не е крадец, ни спикер затоа го нема на ТВ, затоа лажи, кради и биди на ТВ..." - се само дел од слоганите во рекламните блокови на Радио Бубамарa.
За жал, без врски нема да можете да се рекламирате на Радио Бубамара, креативните и духовити луѓе веќе го направиле тоа и го закупиле целиот простор за реклама - како Владата што го закупи целиот простор на CNN и сите странски медиуми за кампањата "ИНВЕСТИРАЈТЕ ВО МАКЕДОНИЈА И НАС".

Радио Бубамара го слушаат сите освен Премиерот, Претседателот и министрите - АКО ГО СЛУШАА НЕМАШЕ ДА ДОЈДЕМЕ ДО ОВДЕ КАЈ ШТО СМЕ ДЕНЕС.

Музички новости