Македонија не се пласира во финалето на Евровизија

Јана Бурчевска не успеа да се пласира во финалето на Евровизија која годинава се одржува во Киев, Украина. Таа настапи како трета на втората полуфинална вечер со песната „Dance alone“, имаше извонреден настап проследен со бурен аплауз.

Од втората полуфинална вечер во финалето влегоа Бугарија, Белорусија, Хрватска, Унгарија, Данска, Израел, Романија, Норвешка, Холандија и Австрија.

Земјите кои имаат директен влез во финалето, гласаа и на првата и на втората полуфинална вечер. Италија, Шпанија и Велика Британија гласаа на првата, а синоќа гласаа Украина, Франција и Германија.

Од двете полуфинални вечери, се бираат по десет изведувачи кои одат во финалето заедно со големата петорка која автоматски секоја година директно учествува на финалето, Франција, Германија, Италија, Шпанија, Велика Британија и годинешниот домаќин Украина како минатогодишен победник на Евровизија. Финалето ќе се одржи в сабота на 13 мај.