Концертен викенд во Скопје: Морисеј и „Апокалиптика“ на Кале

Прв од светските концерти е оној на англискиот музичар Морисеј, кој ќе се одржи вечерва во 21 часот во СРЦ "Кале".

Стивен Патрик Морисеј во осумдесетите беше вокалист и текстописец во култната група "Смитс", а по 1987 година започна соло кариера и е награден како еден од иноваторите во инди музичката сцена.

Еден ден по Морисеј, утревечер, на истото место, во СРЦ "Кале" , гостува финскиот метал бенд "Апокалиптика". Бендот е основан во 1993 година, кога четворица виолончелисти се собраа да свират обработки на "Металика" на Универзитетот за уметности во Хелсинки. Симфонискиот метал остана обележје на бендот и денес, по осум објавени албуми.