Колонија со нов сингл, промоцијата ексклузивно на Радио Бубамара

Вечерва во 19 часот, слушателите на Радио Бубамара ќе имаа можност ексклузивно да ја проследат промоцијата за Македонија на новиот сингл на хрватската група Колонија.

Во соработка со Славонија бенд, Колонија ја сними песната "Златни двори" која ќе биде насловна во истоимената хрватска серија што наскоро ќе почне да се емитува. Музиката за песната ја напиша Борис Ѓурѓевиќ, а текстот е на Валерија Ѓурѓевиќ.

"Кој те љуби, нека те врати, тука уште чекаат златните двори на срцето мое", е само дел од текстот која не внесува во возбудливиот свет на славонскиот крај.