Кајмакоски номиниран за најдобар пејач во светот

Даниел Кајмакоски е поканет да настапи како претставник на Македонија на доделувањето на наградите Даф Бама што ќе се одржи утре во Баркликард арената во Хамбург. Тој е номиниран за најдобар машки изведувач, како и за наградата од публиката за најдобар изведувач, а покрај него за наградата од публиката од Македонија се номинирани Елена Ристеска, Калиопи и Каролина Гочева.

На оваа значајна мултикултурна музичка манифестација ќе бидат наградени најуспешните музички имиња од Балканот, Медитеранот, Кавказ, Јужна Азија, Централна Азија, Африка и Блискиот Исток.

Покрај регионалните награди за најуспешните, ќе бидат доделени и награди во 8 категории: најдобра песна, албум, видео, соработка, машки и женски изведувач, изведувач и дебитант.

Кајмакоски е номиниран за најдобар машки изведувач заедно со 7 врвни имиња: Алехандро Санз, Тицијано Феро, Мохит Чаухан, Ксавиер Наиду, Тамер Хосни, Дино Мерлин и Фархад Дарја.

Публиката може да гласа на www.bama-music-awards.org

На овој голем музички настан, чија идеја е да се зближат различните култури и музика, ќе настапат голем дел од номинираните ѕвезди.