Каролина ќе одржи четири концерти во февруари

Каролина Гочева и нејзиниот бенд повторно се враќаат во Македонската опера и балет, со четири последователни концерти, на 23, 24, 25 и 26-ти февруари.

На концертите публиката за прв пат ќе има можност да ги чуе во живо сите нови песни од долгоочекуваниот албум на Каролина насловен „Извор“, а ќе се потсети и на најубавите нумери од проектот „Македонско девојче“.