Калиопи ја одржа првата проба, погледнете каков ќе биде настапот на Евровизија

Стотици светла и заднина на која до израз доаѓаат светлечки визуелни креации се дел од сценографијата за настапот на Калиопи, која Македонија на Изборот на песна на Евровизија во Шведска ќе ја претстави со песната „Дона“. Вчеравечер се одржаа првите тонски проби. Како што можеше и да се очекува, стиховите од песната „Дона“ преку Калиопи прозвучија грандиозно на сцената во арената „Ериксон глоуб“.

Годинашниот Избор на песна на Евровизија почнува на 10 мај, кога ќе се одржи првата полуфинална вечер. Калиопи настапува во второто полуфинале, на 12-ти, а големото финале ќе се одржи во сабота, на 14 мај. Калиопи имаше турнеја низ повеќе европски земји каде што ја претставуваше нашата песна пред европската публика.