Калиопи не влезе во финалето на Евросонг

Летонија, Грузија, Бугарија, Австралија, Украина, Србија, Полска, Израел, Литванија и Белгија се земјите кои обезбедија пласман во финалето на Евросонг, по втората полуфинална вечер која се одржа во Глоуб Арената во Стокхолм.

Нашата претставничка Калиопи, со песната Дона не влезе во финалето. "Ако успеам на Македонија да и го подарам овој успех, ќе бидам многу среќна" , ни изјави Калиопи пред настапот. Новите финалисти ќе им се придружат на земјите од првото полуфинале: Азербејџан, Русија, Холандија, Унгарија, Хрватска,Австрија, Ерменија, Чешка, Кипар и Малта. Во финалето во сабота настапува и големата петорка: Велика Британија, Германија, Италија, Шпанија и Франција, плус дoмаќинот Шведска.