Ивана Петковска и Магдалена Алексовска ќе ја претставуваат Македонија на детската Евровизија

Македонија повторно се враќа на јуниорската евровизиска сцена, по пауза од една година, а за нашата земја ќе настапат 13-годишните Ивана Петковска и Магдалена Алексовска од Скопје. МРТ ќе информира накнадно за останатите поединости околу песната и евровизискиот тим.

Инаку, Македонија учествува на јуниорската Евровизија уште од самиот нејзин почеток, во 2003 година, а само две години паузираше и тоа во 2012 и 2014 година. Најдобриот пласман досега е 5. место, постигнато два пати – првиот пат во 2007 година, кога не претставуваа Росица Кулакова и Димитар Стојменовски со „Ding Ding Dong“, а вториот пат следната 2008 година кога наш претставник беше Боби Андонов со песната „Прати ми СМС“.