Златна Бубамара на популарноста го објави постерот за 19. специјално издание

Најочекуваната и најпосакуваната манифестација во нашата  лепена , сечена и демонтирана република го објави овогодишниот постер на кој се наоѓаат  дел од лицата кои ќе пропеат и на бината во Метро ПОЛИС арената. 

Овогодишното мото на Златна бубамара е “ДА СЕ СОБЕРЕМЕ,  ПРЕД ДА НЕ СОБЕРАТ”.Ограничениот број билети  за оваа година се продадоа за рекордни 4 минути преку сервисот на МК – ТИКЕТС0, останатиот број билети ќе бидат распоредени  за значајни гости, бизнисмени и луѓе од јавниот живот и културата во Македонија и на Балканот.

Одложена ТВ снимка од настанот традиционално ќе се емитува на КАНАЛ 5  во недела од 20 часот. Настанот ќе се одржи во четврток во 20 часот во МЕТРОПОЛИС АРЕНАТА.